Општина Бутел: Рекордни инвестиции во инфраструктурата, образованието и спортот – Костовски најави нови капитални проекти
- Детали
- Категорија: Бутел
- Создадено: 04 Септември 2026
Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, информираше за остварените резултати и капитални инвестиции во изминатиот период, истакнувајќи дека општината бележи историски развој преку реализација на бројни проекти во инфраструктурата, образованието, спортот и урбаното уредување.
Меѓу клучните реализации се изградбата на новото училиште во Визбегово вредно 106 милиони денари, надградбата и изградбата на нов затворен базен во ООУ „Ацо Шопов“, двете нови детски градинки во Бутел 1 и Бутел 2, како и почетокот на капиталниот водовод во Љубанци и Љуботен.
Костовски нагласи дека развојот продолжува со засилено темпо, со тековна изградба на новиот мега-парк на булеварот Христијан Тодоровски Карпош, нови пешачки патеки, мостови и реконструкција на клучни сообраќајници.
Во наредниот период се најавува и изградба на нова модерна поликлиника со обезбедени финансиски средства, нов дом на културата, доградба на ООУ „Панајот Гиновски“, нова градинка во Визбегово, како и поставување целосен видеонадзор на јавните површини за поголема безбедност и превенција.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













