Општина Бутел: Училиштата подготвени за новата учебна година, бесплатни ранци и униформи за првачињата

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, одржа работен состанок со директорите на општинските основни училишта и на градинката, на кој беше потврдено дека образовните установи се целосно подготвени за претстојниот почеток на новата учебна година.

 

Како дел од продолжената поддршка за најмладите ученици и нивните семејства, општина Бутел и оваа година обезбеди бесплатни ранци, училишен прибор и униформи за секое запишано прваче, со што се олеснува влезот на малите ученици во училишните клупи.

 

Фото извор: https://www.facebook.com/darkokostovskizabutel?locale=mk_MK





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.