Општина Бутел и ЈП „Водовод и канализација“: Почна голема акција за чистење на канализационата мрежа

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, заедно со директорот на ЈП „Водовод и канализација“, Иван Митровски, извршија теренски увид во почетокот на големата акција за чистење и одржување на фекалната и атмосферската канализациона мрежа на територијата на целата општина.

 

Костовски истакна дека со овие навремени зафати се обезбедува подобра функционалност на системот, се спречуваат евентуални застои и се создава почиста и поздрава животна средина за сите граѓани.

 

Теренските активности продолжуваат и во наредните денови низ сите населени места во Општина Бутел.

 

Фото извор: https://www.facebook.com/darkokostovskizabutel





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.