Општина Бутел: Обезбедени нови капацитети – во фаза на изградба и реализација се три детски градинки

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, информираше дека општината добива три нови детски градинки со кои целосно ќе се реши долгогодишниот проблем со листите за чекање за запишување на децата во предучилишна возраст.

 

Објектите во населбите Бутел 1 и Бутел 2 веќе се наоѓаат во завршна фаза на изградба, додека за новата градинка во Визбегово се веќе обезбедени финансиски средства преку соработка со Министерството за социјална политика, демографија и млади.

 

Со овие капитални зафати се обезбедуваат современи услови, сигурна грижа и подобра иднина за најмладите жители на општина Бутел.

 

Фото извор: https://www.facebook.com/darkokostovskizabutel?locale=mk_MK





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.