Костовски: Активирана е гаранцијата за проектот на Серава, започна санација на оштетувањата
- Детали
- Категорија: Бутел
- Создадено: 31 Јули 2026
Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, информира дека е активирана гаранцијата за проектот за уредување на коритото на реката Серава и дека веќе е започната санацијата на сите констатирани оштетувања.
Според Костовски, издаден е налог за работа, а изведувачот од вчера активно работи на отстранување на недостатоците.
Тој нагласи дека нема да дозволи неквалитетна изведба и дека, согласно договорните обврски, сите оштетувања ќе бидат целосно санирани.
Градоначалникот потсети дека станува збор за проект кој, како што наведе, со децении бил најавуван, а сега е целосно реализиран.
Во рамки на проектот е изградено речно корито во должина од 1.800 метри, трим-патека и поставена е нова урбана опрема.
Костовски посочи дека е уреден и парк на површина од 5.000 квадратни метри, со што просторот е дополнително збогатен со зеленило и содржини за рекреација.
Соопштението е на градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













