Нова електронска услуга за компаниите: Потврда за поседување моторни возила без одење на шалтер
- Детали
- Категорија: Бизнис
- Создадено: 12 Август 2026
Компаниите отсега можат електронски да добијат потврда за поседување моторни возила за одреден временски период од Министерството за внатрешни работи, без потреба од посета на шалтер.
Информацијата ја објави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, кој посочи дека услугата е дел од продолжувањето на промоцијата на електронските услуги наменети за компаниите.
Барањето за добивање на потврдата може да се поднесе онлајн преку Националниот портал за е-услуги uslugi.gov.mk, а услугата, како што наведува Андоновски, може да се добие за само неколку минути.
Со дигитализирањето на оваа услуга се овозможува побрза постапка и намалување на административните обврски за правните лица, со што компаниите добиваат повеќе време за својата работа и развој.
„Чекор по чекор, услугите што им се потребни на компаниите ги правиме поедноставни, побрзи и достапни онлајн“, порача Андоновски.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













