Димитриеска-Кочоска: Инфлацијата се намалува, економските показатели се движат во позитивна насока
- Детали
- Категорија: Бизнис
- Создадено: 07 Август 2026
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска оцени дека најновите податоци за инфлацијата претставуваат потврда дека владините економски политики даваат резултати и дека економските текови во државата се стабилизираат.
Повикувајќи се на најновите податоци на Државниот завод за статистика, министерката посочи дека инфлацијата во јули на годишно ниво изнесува 2,3 проценти, со што продолжува трендот на нејзино намалување. Таа потсети дека годишната инфлација во април изнесувала 5,7 проценти, во мај 4,8 проценти, а во јуни 3,4 проценти.
Според Димитриеска-Кочоска, забавување на растот на цените е регистрирано и на месечно ниво кај речиси сите категории производи и услуги, со исклучок на транспортот.
Министерката нагласи дека, покрај намалувањето на инфлацијата, позитивни движења се забележуваат и кај извозот, индустриското производство и вработеноста, а раст бележат и даночните приходи во Буџетот заклучно со 31 јули годинава.
„Ќе продолжиме внимателно да ги следиме економските движења и да креираме мерки кои се во интерес на граѓаните, за заштита на животниот стандард и за понатамошно зајакнување на македонската економија“, порача министерката.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













