Потпишани новите договори за заем и грант за непречена реализација на железницата кон Бугарија
- Детали
- Категорија: Бизнис
- Создадено: 06 Август 2026
Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, истакна дека Владата останува цврсто посветена на реализацијата на стратешките инфраструктурни проекти и надминување на застоите наследени од минатото.
Во рамките на овие активности, денеска беа официјално потпишани амандманите на договорите за заем и за грант со Европската инвестициска банка (ЕИБ) и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), со што се заокружува новата финансиска конструкција за изградба на железничката пруга кон Бугарија.
Министерката нагласи дека преку одговорно управување со јавните финансии, обезбедување стабилни средства за капитални инвестиции и соработка со меѓународните финансиски институции, се создаваат силни темели за одржлив економски раст, зголемена конкурентност и забрзана интеграција на земјата во европските транспортни и економски текови.
Фото извор: https://www.facebook.com/GordanaDimitrieskaKochoska
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













