УЈП повика над 35.000 граѓани да ја довршат регистрацијата во системот е-Даночни услуги
- Детали
- Категорија: Бизнис
- Создадено: 17 Јули 2026
Управата за јавни приходи ги повика граѓаните кои започнале, но не ја завршиле регистрацијата на кориснички профил во системот е-Даночни услуги (Е-ППД), да ја комплетираат постапката за да можат непречено да ги користат електронските услуги.
Од УЈП информираат дека по извршените проверки е утврдено оти повеќе од 35.000 граѓани поднеле барање за регистрација како физички лица, но процесот не бил целосно завршен.
За таа цел, до нив се испратени персонализирани известувања преку електронската адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. со инструкции за понатамошните чекори.
Граѓаните кои добиле вакво известување треба да се јават во надлежната канцеларија на УЈП со важечки документ за идентификација, каде овластено службено лице ќе ја финализира нивната регистрација.
Од Управата посочуваат дека активниот кориснички профил овозможува пристап до електронските услуги на државниот портал, увид во Годишната даночна пријава за данок на личен доход, поднесување барања за издавање уверение за остварен доход, како и користење услуги за кои УЈП разменува податоци со други институции.
Воедно, активниот профил е неопходен и за користење на правото за поврат на дел од ДДВ преку апликацијата „МојДДВ“, односно за скенирање на фискални сметки.
За дополнителни информации, граѓаните можат да се обратат на електронската адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или на телефонските броеви 02/3253-200 и 0800 33 000 (достапен само од фиксна телефонска мрежа).
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













