Славески им посака успешен почеток на студентите практиканти во Народната банка
- Детали
- Категорија: Бизнис
- Создадено: 16 Јули 2026
Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, ги пречека студентите кои започнуваат со практикантска работа во институцијата, посакувајќи им успешен старт и можност преку практичната настава да стекнат нови знаења и драгоцено професионално искуство.
Првата средба со практикантите беше организирана во Музејот на Народната банка, во година кога институцијата одбележува 80 години од воспоставувањето на централното банкарство.
Јубилејот ја истакнува улогата на Народната банка во зачувувањето на довербата во националната валута и обезбедувањето макроекономска стабилност низ изминатите децении.
Обраќајќи им се на студентите, гувернерот Славески ги охрабри максимално да ја искористат можноста што им се нуди, активно да учат, да поставуваат прашања и да бидат отворени за нови знаења и идеи, користејќи го искуството на своите ментори.
Во текот на практикантската програма, студентите ќе се запознаат со работата на повеќе организациски единици во Народната банка.
Тие ќе имаат можност одблиску да ги следат процесите поврзани со монетарната политика, истражувањата, финансиските пазари, статистиката, информатичката технологија, правните работи и трезорското работење, стекнувајќи поширок увид во функционирањето на современа централна банка.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













