Министерството за енергетика и ФИКТ – Битола потпишаа меморандум за соработка

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Факултетот за информатички и комуникациски технологии при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола потпишаа Меморандум за соработка, со кој се воспоставува основа за заеднички активности во областа на образованието, научните истражувања и примената на современи технологии.

 

Документот го потпишаа министерката Сања Божиновска и деканот на Факултетот, проф. д-р Благој Ристевски.

 

Со договорената соработка ќе се искористат научните, стручните и техничките капацитети на двете институции за развој на проекти и активности од заеднички интерес.

 

На потпишувањето, Божиновска истакна дека партнерството меѓу институциите и академската заедница е важен предуслов за успешен развој на државата.

 

Според неа, Северна Македонија располага со потенцијал да стане регионален пример во процесот на енергетската транзиција преку поврзување на институциите со високото образование и науката.

 

За време на средбата беше нагласена потребата енергетскиот сектор да ги следи современите технолошки трендови, при што посебно внимание беше посветено на сајбер безбедноста, дигитализацијата и можностите за примена на вештачката интелигенција во унапредувањето на институционалните процеси.

 

Од Министерството посочуваат дека меморандумот е дел од пошироката стратегија за зајакнување на соработката со научнообразовните институции, со цел изградба на сигурен, модерен и одржлив енергетски систем усогласен со европските стандарди.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.