Народната банка ги заврши првите две фази од ЕУ-проектот за модернизација на екстерните статистики

Народната банка ги комплетираше првите две фази од проектот финансиран од Европската Унија, чија цел е воспоставување современ склад на податоци за потребите на екстерните статистики.

 

Активностите се дел од поширокиот проект за зајакнување на капацитетите во областа на екстерните статистики, платежната статистика и платните системи.

 

Во рамки на првата фаза беше направена анализа на постојната состојба и подготвена функционална спецификација, додека во втората беше изработен дизајнот на идното ИТ-решение, како и нацрт-документацијата.

 

Во продолжение на проектот ќе следуваат развојот, тестирањето и имплементацијата на новиот систем.

 

Со реализацијата на проектот се очекува унапредување на процесите преку поголема дигитализација и оптимизација, зголемување на оперативната ефикасност и обезбедување поквалитетни, подетални и подостапни статистички податоци за институциите и јавноста.

 

Воедно, проектот придонесува и за исполнување на обврските во процесот на европската интеграција, преку усогласување со статистичките стандарди и практики на Европската Унија.

 

Покрај воспоставувањето на складот на податоци, проектот предвидува и воведување на новиот меѓународен стандард ISO 20022 во Македонскиот интербанкарски платен систем (МИПС).





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.