Народната банка: Банкарскиот сектор останува стабилен, нефункционалните кредити на историски најниско ниво
- Детали
- Категорија: Бизнис
- Создадено: 02 Јули 2026
Банкарскиот сектор во првиот квартал од 2026 година ја задржал стабилноста, со високо ниво на солвентност, задоволителна ликвидност и добар капацитет за справување со евентуални шокови, покажува Извештајот за ризиците во банкарскиот сектор што го усвои Советот на Народната банка.
Во извештајот се наведува дека кредитната и депозитната активност продолжиле да растат, иако со побавно темпо во однос на претходниот квартал, главно поради сезонски фактори. Истовремено, квалитетот на кредитното портфолио дополнително се подобрил, а стапката на нефункционални кредити се намалила на историски најниските 1,9 проценти.
Од Народната банка посочуваат дека банкарскиот сектор и понатаму остварува позитивни финансиски резултати и солидна профитабилност, нагласувајќи дека институцијата ќе продолжи внимателно да ги следи ризиците и да презема мерки за зачувување на макроекономската и финансиската стабилност.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













