На 3 јули јавна расправа за новата А-интегрирана еколошка дозвола за ТИТАН Усје
- Детали
- Категорија: Бизнис
- Создадено: 30 Јуни 2026
На 3 јули (четврток), со почеток во 14 часот, во хотел „Александар Палас“ во Скопје ќе се одржи јавна расправа во рамки на постапката за издавање на новата А-интегрирана еколошка дозвола за ТИТАН Усје.
Станува збор за процес во кој институциите, компанијата, стручната јавност, граѓанските организации и граѓаните ќе имаат можност јавно да ги изнесат своите аргументи, предлози и забелешки за условите под кои цементарницата ќе работи во наредните седум години.
Новата А-интегрирана еколошка дозвола ќе ги дефинира обврските на компанијата во однос на контролата на загадувањето, мониторингот на емисиите и мерките за заштита на животната средина.
Организаторите посочуваат дека јавната расправа претставува важен дел од постапката за донесување на дозволата и апелираат за присуство на медиумите, со цел јавноста навремено и објективно да биде информирана за аргументите и ставовите на сите засегнати страни, како и за потенцијалното влијание на новата дозвола врз животната средина и здравјето на граѓаните.
Официјалната информација за јавната расправа и постапката за обновување на А-интегрираната еколошка дозвола е објавена на веб-страницата на Министерството за животна средина и просторно планирање.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













