УЈП: До 30 јуни рок за уплата на данокот по Годишната даночна пријава

Управа за јавни приходи ги потсетува граѓаните дека крајниот рок за уплата на данокот утврден со Годишната даночна пријава за 2025 година е 30 јуни 2026 година.

Граѓаните кај кои е утврден износ за доплата треба навреме да ја извршат уплатата за да избегнат пресметка на камати и дополнителни трошоци. За оние на кои ќе им биде доставено решение со коригиран износ, рокот за плаќање е 15 дена од денот на приемот на решението.

УЈП посочува дека налогот за плаќање може да се преземе преку системот за е-даночни услуги, каде што по отворањето на Годишната даночна пријава за 2025 година, на третата страница е достапен налогот со сите потребни податоци за уплата.

Од Управата предупредуваат дека уплатата нема да биде евидентирана доколку не се внесат точно ЕМБГ, фолио бројот и останатите податоци од налогот. Доколку плаќањето го врши друго лице, претходно е потребно да се изврши промена на налогодавачот.

За граѓаните кои не се во можност да го подмират целиот износ одеднаш, постои можност за репрограм на даночниот долг, а дополнителни информации и упатства се достапни преку Управата за јавни приходи.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.