УЈП: До 30 јуни рок за поднесување на првите пријави за минимален глобален данок
- Детали
- Категорија: Бизнис
- Создадено: 24 Јуни 2026
Управата за јавни приходи ги потсети засегнатите компании дека на 30 јуни истекува рокот за поднесување на првите даночни пријави за 2024 година согласно Законот за минимален глобален данок на добивка.
Законот се однесува на мултинационални и големи домашни групи на компании со годишен консолидиран приход од најмалку 750 милиони евра и предвидува минимална ефективна даночна стапка од 15 проценти.
До 30 јуни обврзниците треба да достават известување до УЈП, Пријава на информации за дополнителен данок (ГИР) и Пријава за квалификуван домашен дополнителен данок (КДДД/П).
Пријавите се поднесуваат електронски преку системот е-Даноци, а данокот треба да биде платен најдоцна до 30 јули, односно до 30 август, зависно од видот на обврската.
Од УЈП апелираат даночните обврзници навремено да ги исполнат своите законски обврски и за дополнителни информации да се обратат до институцијата преку официјалните канали за поддршка.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













