Димитриеска-Кочоска: Дефицитот ќе финансира инвестиции, а не потрошувачка

Владата ги усвои измените и дополнувањата на Буџетот за 2026 година, со кои се обезбедуваат дополнителни средства за инфраструктурни проекти, земјоделство, железнички сообраќај, образование, спорт и социјална поддршка.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска истакна дека вкупните приходи се проектирани на 379,2 милијарди денари, а расходите на 425,2 милијарди денари. Буџетскиот дефицит е ревидиран на 46,1 милијарди денари или 4,1 проценти од БДП.

Со ребалансот капиталните инвестиции се зголемуваат за 14,5 проценти и достигнуваат околу 46 милијарди денари. Средствата ќе бидат насочени кон Коридорите 8 и 10-д, железничката инфраструктура, водоводни и канализациски системи, училишта, градинки, студентски домови и локални проекти во општините.

„Не станува збор за дефицит што финансира потрошувачка, туку за дефицит што финансира развој“, порача Димитриеска-Кочоска.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.