Славески на состанок на ММФ и Светска банка: Ценовната стабилност клучна за раст

Гувернерот на Трајко Славески учествува на годишниот состанок на Конституенцата на ММФ и Светската банка во Варна, Бугарија, кој годинава се одржува под мотото „Претворање на неизвесноста во долгорочна можност“.

На состанокот, во кој учествуваат претставници од ММФ и Светска банка, се дискутира за одржување на макроекономската и финансиската стабилност, дигиталната трансформација и отпорноста на економиите во услови на глобална неизвесност.

Славески оствари билатерални средби со високи претставници на двете институции, при што беше нагласена важноста на ценовната стабилност како предуслов за одржлив економски раст и стабилен финансиски систем.

Тој истакна дека Народната банка внимателно ги следи економските движења и презема мерки за зачувување на стабилноста и довербата во монетарниот систем.

Во рамки на состанокот беа разгледани и предизвиците поврзани со геополитичките ризици, како и улогата на дигиталната трансформација во унапредување на продуктивноста и економскиот развој.

Во македонската делегација учествуваат и вицегувернерот Игор Величковски и заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.