Горивата значително поевтинуваат: Дизелот понизок за 7 денари, бензините до 4 денари
- Детали
- Категорија: Бизнис
- Создадено: 22 Јуни 2026
Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за намалување на цените на нафтените деривати во просек за 6,61 проценти, а новите цени ќе важат од полноќ, односно од 23 јуни во 00:01 часот.
Според одлуката, цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 3,5 денари и ќе изнесува 84 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 поевтинува за 4 денари и ќе се продава по 86 денари за литар.
Најголемо намалување има кај дизелот и екстра лесното масло за домаќинство, чии цени се намалуваат за 7 денари по литар. Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе изнесува 80,5 денари, а на Екстра лесното масло 79,5 денари за литар.
Се намалува и цената на мазутот за 3,932 денари по килограм, па новата цена ќе биде 42,291 денар за килограм.
Од РКЕ информираат дека намалувањето следува по падот на референтните цени на нафтените деривати на светските пазари, особено кај дизелот и екстра лесното масло.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













