Општина Аеродром: Стартуваше хуманитарниот спектакл „No Finish Line Skopje“ — 100 часа трчање, спорт и хуманост за Детската болница „Козле“
- Детали
- Категорија: Аеродром
- Создадено: 09 Септември 2026
Спортот, хуманоста и позитивната енергија се соединија на платото пред спортскиот центар „Јане Сандански“, каде официјално започна едно од најубавите спортско-хуманитарни случувања во земјава — „No Finish Line Skopje“.
Оваа уникатна манифестација носи 100 непрекинати часа трчање, одење и дружење, трансформирајќи ја општина Аеродром во вистински центар на солидарноста.
За разлика од класичните спортски надпревари, ова не е трка за медали, туку мисија во која секој изминат километар претставува директен чекор кон обезбедување помош и подобра грижа за пациентите во Детската болница „Козле“.
Масовниот одзив на децата, родителите, спортските ентузијасти и бројните хумани граѓани уште еднаш потврди дека Аеродром живее со спортот и поседува извонредно развиен колективен дух.
Градоначалникот Дејан Митески истакна дека ваквите настани се најдобар доказ за моќта на спортот да обединува, да раздвижува и да твори дела со вистинска вредност за оние на кои им е најпотребно.
Со секој претрчан круг на патеката испратена е порака на надеж, покажувајќи дека хуманоста нема лимити и дека секој индивидуален напор може да се претвори во огромна поддршка за најмладите.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













