AERO Street Food Festival продолжува со последните две вечери во Аеродром

AERO Street Food Festival ги приведе кон крај првите три фестивалски вечери, исполнети со голем број посетители, разновидна гастрономска понуда и музичка програма.

 

Настанот, кој се одржува во паркот „Авионче“ под покровителство на Општина Аеродром, привлече публика од различни генерации и од повеќе делови на Скопје, но и од други градови.

 

Во изминатите денови на сцената настапија DJ Milan Serafimov, The Ringtones, DJ Aleksandar Jordanov, Dopamine и DJ Rizinski, кои со различни музички жанрови придонесоа за динамичната атмосфера на фестивалот.

 

Големо внимание привлече и гастрономската понуда, со учество на 20 брендови кои на посетителите им понудија специјалитети од домашната и интернационалната кујна.

 

Фестивалскиот простор во текот на вечерите беше исполнет со посетители и љубители на уличната храна.

 

Фестивалот продолжува вечерва, 7 септември, со настапите на диџеите од Fluere и бендот South Park.

 

Завршната вечер, на 8 септември, ќе понуди настапи на DJ Ficho и DJ Guardian, Acoustic Division и Sure Shotz.

 

Програмата започнува во 19:30 часот, додека фестивалскиот простор е отворен од 17:30 часот.

 

Влезот е бесплатен, а организаторите ги повикуваат граѓаните да ги искористат последните две вечери за дружење, музика и уживање во разновидната понуда.

 

Фото извор: https://www.facebook.com/OpstinaAerodrom





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.