Општина Аеродром: Од денеска започнува „AERO Street Food Festival“ во паркот „Авионче“ со богата гастрономска и музичка програма
- Детали
- Категорија: Аеродром
- Создадено: 04 Септември 2026
Во паркот „Авионче“ во Општина Аеродром денеска започнува „AERO Street Food Festival“, кој до 8 септември ќе понуди врвна гастрономска понуда, урбана музика и динамична фестивалска атмосфера за сите генерации.
На манифестацијата своја презентација имаат 20 гастрономски брендови, а просторот е дизајниран да понуди комплетна забава и привлечни содржини под отворено небо.
Музичката програма опфаќа настапи на познати бендови како South Park, Ringtones, Dopamine, Marbel и Acoustic Division, додека за забавата пред и по концертите се задолжени бројни истакнати диџеи и изведувачи.
Секоја вечер посетителите ќе можат да учествуваат во интерактивни предизвици, квизови и натпревари во брзо јадење под водство на Бомбакис.
Фестивалот е отворен секој ден од 17:30 до 00:30 часот, а влезот за сите посетители е бесплатен.
Фото извор: https://www.facebook.com/OpstinaAerodrom
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













