830 таблети за учениците од Аеродром – продолжуваат инвестициите во современо образование
- Детали
- Категорија: Аеродром
- Создадено: 02 Септември 2026
Градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески, заедно со министерката за образование и наука Весна Јаневска, денеска во ООУ „Љубен Лапе“ ги доделија таблетите на учениците од четврто одделение.
За оваа учебна година Општина Аеродром обезбеди вкупно 830 таблети, со што петта година по ред се реализира проектот „Таблет за секое дете“.
Од општината посочуваат дека целта на проектот е технологијата да биде достапна до учениците и да стане дел од современиот образовен процес.
Покрај дигиталната опрема, Општина Аеродром обезбеди и 7.500 бесплатни училишни униформи за учениците, додека во соработка со Министерството за образование и наука продолжува и обезбедувањето бесплатни учебници.
Во училиштата на територијата на општината се вложува и во современа технологија и опрема, со намера наставата да биде поквалитетна, поинтерактивна и поблиска до потребите на новите генерации.
Од Општина Аеродром велат дека вложувањата во образованието остануваат меѓу приоритетите, со фокус на создавање еднакви услови за образование, развој и напредок на секое дете.
Фото извор: https://www.facebook.com/OpstinaAerodrom
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













