Аеродром: Почна реконструкцијата на улицата „Ѓорѓи Капчев 5“
- Детали
- Категорија: Аеродром
- Создадено: 13 Август 2026
Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, заедно со општинските стручни служби изврши увид во почетокот на градежните работи за реконструкција на улицата „Ѓорѓи Капчев 5“.
Активностите опфаќаат асфалтирање на површина од 1.098 квадратни метри во должина од 279 метри, изведувајќи се според постојната состојба.
Овој зафат е дел од поширокиот проект за санација и подобрување на уличната инфраструктура на вкупно 18 улици на територијата на Општина Аеродром.
Градоначалникот Митески истакна дека општината продолжува континуирано да работи на реализација на дадените ветувања со цел обезбедување поквалитетно и побезбедно секојдневие за сите граѓани.
Фото извор: https://www.facebook.com/OpstinaAerodrom
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс



















