Општина Аеродром: Јавното претпријатие доби нова механизација и опрема за уредување на јавните површини

Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, информираше дека Јавното претпријатие е опремено со нова современа механизација, алат и заштитна опрема со цел подигнување на ефикасноста во одржувањето на хигиената, парковите и зеленило ширум општината.

 

Новиот инвестициски бран опфаќа набавка на телескопски пили, дувалки за лисја, мулчери, тримери, моторни косилки и глави за косење, како и нови работни униформи и заштитни средства за вработените.

 

Преку овие инвестиции се обезбедуваат подобри услови за работа на теренските служби и се гарантира почист, поуреден и позелен Аеродром за сите негови жители.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.