Општина Аеродром: Напредува втората фаза од проширувањето и модернизацијата на ООУ „Блаже Конески“ во Мичурин
- Детали
- Категорија: Аеродром
- Создадено: 29 Јули 2026
Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, изврши увид во градежните активности од втората фаза на капиталниот проект за проширување на ООУ „Блаже Конески“ во населбата Мичурин.
Работите се одвиваат според предвидената динамика, а со завршувањето на оваа фаза вредна 253 милиони денари, училиштето ќе прерасне во еден од најмодерните образовни објекти во земјата.
Проектот опфаќа изградба на нова спортска сала (со што училиштето ќе располага со вкупно две сали), 10 нови училници, кабинет за информатика, современа библиотека и простран хол.
Дополнително, се врши целосно партерно и хортикултурно уредување на дворот, поставување ново отворено игралиште, урбана опрема и паркинг, како и опремување на училиштето со нов мебел.
Градоначалникот Митески изрази благодарност до Владата и премиерот Христијан Мицкоски за силната поддршка во реализацијата на оваа значајна инвестиција во младите.
Фото извор: https://www.facebook.com/miteskid
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













