Интензивни градежни зафати во ООУ „Лазо Ангеловски“: Нови училници, современ кабинет по информатика и зголемена безбедност за учениците
- Детали
- Категорија: Аеродром
- Создадено: 21 Јули 2026
Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, изврши увид во теренските градежни активности што се реализираат во ООУ „Лазо Ангеловски“ во населбата Ново Лисиче за време на летниот распуст, со цел создавање побезбедна, пофункционална и современа училишна средина.
Во рамките на проектот се врши демонтирање на застарените дрвени панели од ѕидовите во ходниците, со што се подобрува општиот изглед и безбедноста на просторот.
Истовремено, се изведува проширување на постојните училници за да се обезбедат подобри услови за одржување на настава и работење на наставниот кадар.
Како дел од модернизацијата, за првпат се уредува современ кабинет по информатика и технологија, наменет за стекнување знаења според современи образовни стандарди, а целосно се реновира и обезбедува и влезот во училишната кујна.
Градоначалникот Митески потенцираше дека образованието останува врвен приоритет на општината, најавувајќи понатамошни инвестиции во образовната инфраструктура.
Фото извор: https://www.facebook.com/miteskid
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













