Општина Аеродром ги награди учениците на генерацијата со по 10.000 денари
- Детали
- Категорија: Аеродром
- Создадено: 17 Јули 2026
Општина Аеродром денеска ги награди учениците на генерацијата од сите основни училишта на својата територија за учебната 2025/2026 година.
Покрај признанијата, секој од нив доби и еднократна парична награда во износ од 10.000 денари како признание за постигнатите успеси.
Наградени се Павел Ангелов од ООУ „Александар Македонски“, Стефани Накова од ООУ „Димитар Македонски“, Исидора Илијоска од ООУ „Блаже Конески“, Илина Трпеска и Димитар Стојановски од ООУ „Гоце Делчев“, Ива Минова од ООУ „Љубен Лапе“, Ана Станчева од ООУ „Лазо Ангеловски“, Јаков Грујовски од ООУ „Браќа Миладиновци“ и Ангела Давитковска од ООУ „Ѓорѓија Пулевски“.
Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, им честита на учениците за нивните резултати, истакнувајќи дека нивниот успех е доказ дека знаењето, трудот и посветеноста носат резултати и претставуваат поттик за сите млади да продолжат да се образуваат и напредуваат.
Тој упати благодарност и до наставниците, директорите, стручните служби и семејствата за поддршката што им ја даваат на учениците, додавајќи дека Општина Аеродром и во иднина ќе продолжи да ги поддржува и наградува младите таленти како значајна инвестиција во иднината.
Фото извор: https://www.facebook.com/miteskid?locale=mk_MK
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













