Во тек е реконструкција на детското игралиште „Бумбари“ во Ново Лисиче

Општина Аеродром започна целосна реконструкција на детското игралиште „Бумбари“ во населбата Ново Лисиче, со цел најмладите да добијат побезбеден и помодерен простор за игра.

 

Старите и дотраени реквизити се заменуваат со нови, а се поставува и заштитна подлога што ќе овозможи поголема безбедност при користењето на игралиштето.

 

Станува збор за едно од најпосетените детски катчиња во населбата, каде секојдневно престојуваат голем број деца. Со обновата, Општината има цел да создаде поквалитетни услови за игра, дружење и рекреација.

 

Од Општина Аеродром информираат дека реконструкцијата на „Бумбари“ е дел од поширок проект за обнова на осум детски игралишта на нејзина територија.

 

Две од нив се градат целосно од почеток, а градежни активности во моментов се одвиваат и на игралиштето во близина на Основното училиште „Димитар Македонски“ во населбата Лисиче.

 

Паралелно со обновата на детските катчиња, се реконструираат и повеќе спортски игралишта, со што локалната самоуправа има намера да обезбеди поквалитетни и побезбедни простори за спорт и рекреација во сите населби.

 

Градоначалникот Дејан Митески упати апел до граѓаните заеднички да се грижат за новоуредените игралишта, со цел тие да останат безбедно и пријатно место за најмладите.

 

Фото извор: https://www.facebook.com/miteskid?locale=mk_MK





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.