Игралиштето „Патрик“ повторно во функција: Градоначалникот Митески повика на совесно чување на детските простори
- Детали
- Категорија: Аеродром
- Создадено: 14 Јули 2026
Детското игралиште „Патрик“ во Општина Аеродром е целосно санирано и повторно достапно за најмладите, откако беше оштетено во неодамнешен вандалски чин.
Општинските служби интервенираа веднаш по инцидентот, со што просторот за игра, дружење и детски активности е вратен во првобитната и безбедна состојба.
Градоначалникот Дејан Митески упати апел до сите граѓани за поголема одговорност и почит кон јавните површини.
Тој нагласи дека детските игралишта се места каде се создаваат трајни спомени и пријателства, поради што се многу повеќе од обична урбана опрема.
„Да не дозволиме несовесноста и вандализмот да го уништат она што е изградено за нашите деца.
Само со заедничка грижа ќе ги зачуваме овие површини безбедни и уредени за сите“, истакна Митески.
Градоначалникот додаде дека Општина Аеродром останува посветена на инвестициите во квалитетна урбана опрема, спортски реквизити и нови игралишта, со цел да се обезбеди квалитетен простор за игра и за сегашните, но и за идните генерации.
Фото извор: https://www.facebook.com/miteskid
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













