Со полна пареа се одвива реконструкцијата на улица „Лисец“ во Горно Лисиче

Во рамките на предвидените градежни активности, на десниот крак од улица „Лисец“ во Горно Лисиче веќе започна поставувањето на нов асфалтен слој, што претставува дел од целосниот процес на реконструкција на оваа сообраќајница.

 

Како што информираат од општинските служби, овој капитален проект опфаќа реконструкција на 520 метри од улицата, вклучувајќи поставување на нов тампонски слој, преку 3.300 квадратни метри нов асфалт и изградба на 1.400 квадратни метри нови тротоари.

 

Паралелно со овие активности, според утврдената динамика, градежните работи продолжуваат и на левиот крак од улицата „Лисец“.

 

Со реализацијата на овој проект, Горно Лисиче добива значително поквалитетна и побезбедна патна инфраструктура, со што се исполнуваат заложбите за подобар квалитет на живот за жителите на овој дел од општината.

 

Фото извор: https://www.facebook.com/miteskid





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.