Општина Аеродром со голема акција за обнова на урбаната опрема и детските игралишта

Општина Аеродром започна со реализација на масовна акција за уредување на јавните простори, која опфаќа комплетна замена на урбаната опрема и санација на детските и спортските игралишта низ целата нејзина територија.

 

Како што информираше градоначалникот на општината, Дејан Митески, целта на овие активности е создавање побезбедни, помодерни и поестетски уредени локации за рекреација и социјализација на сите генерации аеродромци.

 

Во рамките на теренските активности, веќе е во тек поставувањето на нови детски реквизити, како и темелно обновување на постојната инфраструктура на игралиштата наменети за најмладите.

 

Паралелно со ова, проектот предвидува и значително подобрување на условите за спорт на отворено, при што во наредниот период Аеродром ќе добие пет нови современи зони за калистеника, наменети за рекреација на сите љубители на здравиот начин на живот.

 

Покрај спортските и детските содржини, акцијата става силен акцент и на парковското уредување. Планирано е целосно да бидат санирани околу 300 оштетени клупи, а на соодветни јавни локации ќе бидат поставени уште 100 нови клупи за седење.

 

Од локалната самоуправа потенцираат дека продолжуваат со континуирани инвестиции во секоја населба и зелена површина, со цел долгорочно подигнување на квалитетот на животната средина и секојдневието на граѓаните.

 

Фото извор: https://www.facebook.com/miteskid





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.