Учениците од „Блаже Конески“ се запознаа со стручните професии преку соработка со Занаетчиската комора
- Детали
- Категорија: Аеродром
- Создадено: 22 Мај 2026
Основното општинско училиште „Блаже Конески“ организираше настан посветен на професионалната ориентација на учениците, со цел одблиску да ги запознае со можностите за нивното идно образование.
Во соработка со Занаетчиската комора и средните стручни училишта под надлежност на Град Скопје, во просториите на училиштето беа презентирани различни занаети и струки кои нудат перспектива за младите таленти.
Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, изрази големо задоволство од покажаниот интерес на учениците за понудените стручни насоки и професии.
Тој потенцираше дека секој занает има специфична вредност на пазарот на труд и нагласи дека обврска на локалната самоуправа и на повозрасните е навремено да ги препознаат и поттикнат уникатните потенцијали кај децата.
Од Општина Аеродром упатија честитки до учениците за нивните секојдневни успеси и награди постигнати во различни области, посочувајќи ги како најголема гордост и иднина на заедницата.
Градоначалникот Митески на крајот им посака успешни и мудри одлуки во изборот на нивниот кариерен пат, додавајќи дека општината останува нивен сигурен партнер и поддршка во образовниот процес.
Фото извор: https://www.facebook.com/miteskid?locale=mk_MK
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













