Митески на одбележувањето на големиот јубилеј: Поддршката за противпожарната бригада е наша трајна обврска
- Детали
- Категорија: Аеродром
- Создадено: 20 Мај 2026
Градоначалникот на општина Аеродром, Дејан Митески, присуствуваше на свечената манифестација по повод Денот на пожарникарите, каде што се одбележаа 190 години од основањето на организираната противпожарна служба во Македонија.
Митески упати порака на длабока почит кон сите сегашни и поранешни припадници на оваа служба, нагласувајќи дека нивната професија е вистински симбол на дисциплина, чест и човечност.
Првиот човек на Аеродром потенцираше дека Противпожарната бригада на Град Скопје со векови претставува столб на безбедноста, а секоја успешна интервенција и спасен човечки живот се директен доказ за нивната посветеност кон должноста.
Тој истакна дека пожарникарите се луѓе кои во моменти на најголеми кризи не ја мерат опасноста, туку без двоумење излегуваат на терен за да ги заштитат граѓаните и нивните домови.
На крајот од своето обраќање, Митески најави дека локалната и централната власт имаат заедничка одговорност постојано да инвестираат во модернизација на противпожарниот систем.
Како клучни приоритети за во иднина ги посочи набавката на посовремена опрема и обезбедувањето на многу подобри услови за работа, со цел да им се олесни секојдневието на овие храбри луѓе кои секогаш се на првата линија на одбраната.
Фото извор: https://www.facebook.com/miteskid?locale=mk_MK
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













