ПЛАТИ
Просечната бруто-плата во јуни достигна 72.785 денари
- Детали
- Категорија: ПЛАТИ
- Создадено: 21 Август 2026
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во јуни 2026 година изнесува 72.785 денари, соопшти Државниот завод за статистика.
Во споредба со јуни 2025 година, просечната бруто-плата е зголемена за 6,5 отсто.
Растот, според податоците, во најголем дел се должи на зголемувањето на просечната исплатена бруто-плата во неколку сектори.
Најголем раст од 10,7 отсто е регистриран во секторот „Административни и помошни услужни дејности“.
Во секторите „Земјоделство, шумарство и рибарство“ и „Транспорт и складирање“ просечната бруто-плата е зголемена за 8,1 отсто, додека во „Преработувачката индустрија“ растот изнесува 7,7 отсто.
Од друга страна, во однос на претходниот месец, намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата е забележано во повеќе сектори.
Најголемо намалување од 8,6 отсто има во секторот „Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли“.
Следуваат секторите „Уметност, забава и рекреација“, со пад од 6,2 отсто, и „Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“, каде што просечната бруто-плата е намалена за 6,1 отсто.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс





