ИНФЛАЦИЈА
Инфлацијата во јули забави, храната поевтина, транспортот поскап
- Детали
- Категорија: ИНФЛАЦИЈА
- Создадено: 07 Август 2026
Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во јули 2026 година, во споредба со јуни, изнесува 0,1 отсто, покажуваат најновите податоци.
Најголем месечен раст на трошоците е забележан во групата Транспорт, каде цените се зголемени за 4,4 отсто, додека поскапувања има и кај рекреацијата, спортот и културата за 2,6 проценти, домувањето, водата, електричната енергија, гасот и другите горива за 0,9 проценти, како и кај рестораните и услугите за сместување за 0,7 проценти. Благ пораст е регистриран и кај услугите за образование за 0,3 проценти и алкохолните пијалаци и тутунот за 0,1 процент.
Од друга страна, најголемо намалување на трошоците е евидентирано кај покуќнината и опремата за домаќинствата, каде цените се пониски за 1,4 отсто, како и кај храната и безалкохолните пијалаци, кои поевтиниле за 1,1 отсто. Намалување има и кај облеката и обувките за 0,2 проценти, како и кај информациите и комуникациите и здравствената заштита, каде цените се пониски за 0,1 процент.
Во групите осигурување и финансиски услуги и лична нега, социјална заштита и разновидни стоки и услуги не се забележани промени во однос на претходниот месец.
На годишно ниво, односно во споредба со јули 2025 година, индексот на трошоците на животот е зголемен за 2,3 отсто, додека индексот на цените на мало бележи раст од 1,8 отсто.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс





