ХРАНА
Колку чини велигденската трпеза: Јајцата, месото и зеленчукот со повисоки цени
- Детали
- Категорија: ХРАНА
- Создадено: 09 Април 2026
Велигденската трпеза годинава ќе биде поскапа во споредба со лани. Најголем раст на цените има кај јајцата, месото и зеленчукот, производи кои традиционално се најбарани во деновите пред празникот.
Во маркетите пакување од 10 јајца се продава од 110 до 160 денари, што е за околу 20 до 30 проценти повеќе од истиот период лани. Јагнешкото месо, кое е неизбежен дел од празничната трпеза, достигнува цена и над 650 денари за килограм, додека цените на свежата зелка, младото кромидче, доматите и краставиците се повисоки за 10 до 15 проценти. Голем раст има кај доматите кои се продаваат од 300 до 320 денари за килограм.
Граѓаните велат дека ќе мора да купуваат помалку и внимателно да планираат. Дел од нив се откажуваат од поголеми количини месо или од традиционалните велигденски колачи, а повеќе внимание посветуваат на акциите и попустите во маркетите.
Според пресметките, едно четиричлено семејство за основна велигденска трпеза ќе треба да одвои меѓу 3.500 и 5.000 денари, во зависност од тоа дали ќе има месо, зеленчук и поголем број гости.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс





