ГОРИВА
Поскапеа горивата: Од денеска дизелот 98,50, бензинот Еуросупер 95 по цена од 93 денари за литар
- Детали
- Категорија: ГОРИВА
- Создадено: 29 Јули 2026
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 4,55 отсто. Новите максимални цени стапија во сила од денеска во 00:01 часот.
Одлуката е донесена по растот на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар. Во однос на претходната пресметка, бензините поскапеле за 6,229 отсто, дизелот за 7,442 отсто, екстра лесното масло за 8,051 отсто, а мазутот за 8,159 отсто.
Според новата одлука, максималните малопродажни цени изнесуваат:
Еуросупер БС-95 – 93,00 денари/литар
Еуросупер БС-98 – 95,00 денари/литар
Еуродизел БС (Д-Е V) – 98,50 денари/литар
Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) – 98,00 денари/литар
Мазут М-1 НС – 48,099 денари/килограм
Бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 поскапуваат за по 3 денари за литар, додека цената на Еуродизелот се зголемува за 4,50 денари за литар.
Екстра лесното масло за домаќинство поскапува за 5 денари за литар, а мазутот за 2,726 денари за килограм.
Од РКЕ појаснуваат дека станува збор за максимални цени, што значи дека трговците на големо и мало можат да ги продаваат нафтените деривати и горивата за транспорт и по пониски цени од утврдените максимални.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс





