Продолжуваат активностите за зголемување на сообраќајната безбедност во Општина Илинден

Со цел подобрување на сообраќајните услови, како на учениците, така и на сите учесници во сообраќајот, Општина Илинден, во рамки на програмата за унапредување на сообраќајната инфраструктура, изминатиот период интензивно работеше на подобрување на безбедноста во сообраќајот во сите населени места, информираат од Општина Илинден.


Станува збор за поставување на хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација, којашто опфаќа обележување на улиците, пешачките премени и автобуските постојки, особено во деловите каде се наоѓаат општинските основни училишта и детската градинка. Дополнително, обновени се делови од постоечката сигнализација која била оштетена или избледена, со што значително се унапредува визуелната прегледност и сигнализацијата за возачите и пешаците.


Активностите се дел од систематски пристап кон планирање на сообраќајот, кој вклучува редовни проценки на безбедносните ризици, како и соработка со надлежните институции и локалната заедница. Посебен акцент беше ставен на деловите околу образовните установи, каде секојдневно се движат ученици и превенцијата е од особена важност.
Општина Илинден ќе продолжи со реализација на инфраструктурни и безбедносни мерки во согласност со годишната програма за развој, со цел да обезбеди современи и безбедни услови за движење на сите граѓани.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.