Градоначалникот Коњановски на средба со израелската амбасадорка Аисен

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска во својот кабинет оствари официјална средба со амбасадорката на Израел во земјава, Вивиен Аисен. За време на разговорот беа потврдени традиционално одличните билатерални односи и силното пријателство меѓу двете држави, со фокус на продлабочување на локалната соработка.

 

Коњановски ја запозна амбасадорката со стратешката „лична карта“ на Битола, презентирајќи ги историските, културните и економските капацитети на градот кои го прават значаен центар во државата. Како клучни полиња за идна заедничка дејност беа посочени развојот на туризмот и обновувањето на активната комуникација со израелскиот град Бат Јам, со цел размена на искуства и реализација на заеднички проекти.

 

Значаен дел од средбата беше посветен на богатата и трагична историја на Еврејската заедница во Битола. Соговорниците се согласија дека негувањето на споменот за битолските Евреи е нераскинлив дел од идентитетот на градот и мост кој дополнително ги поврзува двата народи. Средбата заврши со заеднички заклучок за отворени можности за нови инвестиции и културна размена кои ќе придонесат за локалниот економски развој.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.