Прекин во водоснабдувањето утре во Центар

Јавното претпријатие „Водовод и Канализација“ – Скопје информира за привремен прекин во водоснабдувањето, кој ќе ги погоди корисниците во дел од Општина Центар.

 

Прекинот се најавува за утре, вторник, 16 декември 2025 година, а причината е уличен дефект на булеварот „Свети Климент Охридски“, спроти Соборниот Храм.

 

Корисниците на потегот од крстосницата со булеварот Партизански Одреди до паркингот ЈАТ ќе останат без вода. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот наутро, па сè до завршување со санација на дефектот. Екипите на ЈП „Водовод и Канализација“ веднаш ќе почнат со работа за што поскоро нормализирање на состојбата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.