Асфалтиран локален пат во Бучинци
- Детали
- Категорија: Илинден
- Создадено: 18 Август 2025
Во рамки на програмата за Реконструкција, рехабилитација и изградба на локални улици и патишта извршено е асфалтирање на локален пат во населеното место Бучинци, информираат од Општина Илинден.
Се реконструирал локалниот пат во населеното место Бучинци, кој води до локалните гробишта, во должина од 520 метри.
Според градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, асфалтирањето на овој локален пат е реализација на едно од барањата на граѓаните од населено место Бучинци.
Финансиските средства се целосно обезбедени од буџетот на Општина Илинден, а со реализација на овој проект ќе се подобри патната инфраструктура на општината, додаваат оттаму.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс












