Кошарката како празник: All Star натпреварите се враќаат во официјалниот календар на 21 декември
- Детали
- Категорија: Спорт
- Создадено: 12 Декември 2025
Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ) информира дека All Star натпреварите повторно стануваат дел од официјалниот календар, како симбол на современа, отворена и атрактивна кошарка. Манифестацијата ќе се одржи на 21 декември (недела), 2025 година, со богата програма која вклучува три натпревари.
Планирани се следните натпревари:
Натпревар за македонските надежи (М20) – „Ѕвезди во подем“.
Женски сениорски All Star натпревар.
Машки сениорски All Star натпревар.
Во двата сениорски натпревари ќе настапат селекциите „Македонија“ против „Свет“, составени од домашни играчи и странски кошаркари кои играат во најквалитетните сениорски лиги под капата на федерацијата – „МТЕЛ“ Супер лига - мажи и „Шпаркасе Лајф“ Прва лига - жени.
Во рамките на All Star програмата, во паузите меѓу четвртините, ќе се одржат и ревијалните натпревари во забивање и шутирање за три поени, како составен дел од кошаркарскиот спектакл и дополнителна можност за промоција на вештината и атрактивноста на играта.
Покрај спортскиот дел, во паузите меѓу натпреварите ќе се одржи и свечено доделување на признанија и награди за најдобрите поединци и колективи во сезоната 2024/25, како чин на почит и признание за квалитетот, трудот и професионализмот во македонската кошарка.
Со оваа манифестација, федерацијата ја потврдува својата определба кошарката да биде повеќе од резултат – простор за промоција на талентот, фер-плејот, инспирацијата и заедничката спортска радост.
Повеќе информации за составите на екипите, стручните штабови и пропратните активности ќе бидат објавени во понеделник, 15 декември 2025 година.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс












