Нов почеток за ФК „Илинден“: Новото раководство на прием кај градоначалникот Георгиевски

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, го прими новото раководство на Фудбалскиот клуб „Илинден“, предводено од новиот претседател Ѓоко Стерјоски. Средбата беше организирана во насока на зацврстување на партнерството меѓу локалната самоуправа и спортскиот клуб.

 

На состанокот, новото раководство на клубот ги информираше градоначалникот и општинските претставници за новите планови и поставените цели за наредниот период. Градоначалникот Георгиевски им посака успех во понатамошната работа.

 

Во знак на благодарност за поддршката, претседателот на ФК „Илинден“ му подари симболичен дрес со презимето на градоначалникот, означувајќи ја новата фаза на соработка.

 

Градоначалникот Георгиевски истакна дека Општина Илинден и понатаму ќе остане посветена на поддршката за развојот на спортот и спортските клубови кои оперираат на територијата на општината.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.