Специјална Олимпијада ја организира 22. Европска кошаркарска недела во СРЦ „Кале“

Специјална Олимпијада Северна Македонија, во соработка со Кошаркарската Федерација на Македонија (КФМ), го организира 22. издание на Европската кошаркарска недела. Главниот настан по тој повод ќе се одржи во сабота, на 29 ноември 2025 година, во големата сала во Спортско Рекреативниот Центар (СРЦ) „Кале“ во Скопје.

 

Настанот, кој официјално започнува во 10 часот (со регистрација на учесници од 9 часот), има за цел преку кошарката да промовира инклузија, фер и еднакви можности за сите граѓани. Во рамките на програмата, ќе се одржат рекреативни кошаркарски игри во кои ќе учествуваат лица со интелектуална попреченост заедно со нивните партнери во т.н. Јунифајд (Unified) тимови.

 

На присутните ќе им се обратат и претставници на Специјална Олимпијада Северна Македонија и на Кошаркарската Федерација, со што ќе се истакне заедничката заложба за инклузивен спорт.

 

Настанот се реализира со значајна поддршка од Фондот за население на Обединетите нации – УНФПА, како и од корпоративни партнери: „Македонски Телеком“ АД, „НЛБ Банка“ АД Скопје и „Lions Alfa Club“ Скопје.

 

Со активното учество на атлетите во Европската недела на кошарката, заедно со меѓународни спортски институции како ФИБА и Кошаркарската Евролига, Специјална Олимпијада Северна Македонија испраќа силна порака за почит и инклузија. Организаторите ги повикуваат сите заинтересирани да се придружат на настанот и да придонесат за поголема инклузија – како на теренот, така и пошироко во општеството.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.