Слободен влез во „Кале“: Кошаркарите ја почнуваат битката за Евробаскет 2029 против Азербејџан
- Детали
- Категорија: Спорт
- Создадено: 25 Ноември 2025
Машката сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија во четврток попладне го игра својот прв натпревар од квалификациите за Евробаскетот 2029 година.
На 27 ноември, во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје, нашата репрезентација ѝ гостува на селекцијата на Азербејџан, во првиот претквалификациски натпревар од групата „А“.
Македонската кошаркарска федерација ги повикува сите искрени љубители на кошарката и фановите на националниот тим да дојдат во „Кале“ и да им дадат поддршка на момците. За овој натпревар, влезот за сите посетители ќе биде слободен.
Натпреварот започнува во 19:00 часот, а за оние кои не можат да присуствуваат во салата, во соработка со Македонската радио и телевизија, обезбеден е директен ТВ пренос.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс












