Домашен настап и Светско Првенство – Даниела Алексовска сo 2 борби во 13 дена

Даниела Алексовска ќе влезе во кафезот двапати во рок од само 13 дена, нешто речиси невидено во светот на боречките спортови, информираат од ММА Федерација.

На 14-ти септември ја очекува борба против Флaцеа Алда од Молдавија, на спектакуларниот настан ARMMADA 14, кој ќе се одржи во Скопје, во Јане Сандански Арена, со почеток од 19:30 часот. Ова ќе биде нејзиното прво појавување пред домашната публика.

Веднаш потоа, на 27-ми септември, Алексоска ќе ја претставува Македонија на Светското ММА Првенство во Тбилиси, Грузија, во категорија 52.2 кг, каде е рангирана како #3 во светот, благодарение на својата доминација и освоеното злато на Европското ММА Првенство.

Ваквиот подвиг е толку редок што дури и на најголемата светска ММА сцена – UFC – само неколикумина борци, како Доналд “Cowboy” Сероне и Хамзат Чимаев, се осмелиле да прифатат толку голем предизвик. 

Она што Алексовска ќе го направи – борба пред домашната публика на најголемиот ММА настан во историјата на Македонија, а потоа светско првенство за само две недели – ја прави единствената на Балканот што прифатила ваков предизвик на толку високо ниво.

Алексовска веќе има историја на тестирање на сопствените граници. Минатата година (2024), на 2-ри ноември, таа го освои златниот медал на престижното АДЦЦ Јужноевропско Првенство во Белград, Србија, а само три дена подоцна настапи на Светското ММА Првенство во Ташкент, Узбекистан, каде успеа да се закити со бронзен медал.

Ова е доказ за храброст, и професионализамот на Даниела, и нејзиниот тим “The Strongest”.

Билетите за ARMMADA 14 се достапни на ticketx.com.mk 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.