ПЛАТИ

Бројот на работниците во индустријата намален за 2,3 отсто во јуни, раст на нето-платите во трговијата, рударството и транспортот

Бројот на работниците во индустријата во јуни 2026 година е намален за 2,3 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат најновите статистички податоци. Најголем раст на нето-платите има во трговијата, рударството и транспортот.

По сектори, најголем пад е забележан во рударството и вадењето камен, каде бројот на вработени е намален за 7,7 проценти, додека во преработувачката индустрија е регистрирано намалување од 2,1 процент. Единствен раст е евидентиран во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, каде бројот на работници е зголемен за 0,2 проценти.

 

Според главните индустриски групи, намалување на бројот на работници е забележано во:

Енергија – за 2,4 проценти;

Капитални производи – за 1,8 проценти;

Нетрајни производи за широка потрошувачка – за 3,5 проценти;

Интермедијарни производи, освен енергија – за 2,4 проценти;

Трајни производи за широка потрошувачка – за 1,7 проценти.

На ниво на првата половина од годината, бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – јуни 2026 година е намален за 2,9 проценти во однос на истиот период од 2025 година.

 

Најголемо зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во однос на претходниот месец е забележано во секторите трговијарударство и транспорт, покажуваат најновите статистички податоци.

На месечно ниво, просечната нето-плата е зголемена за:

6,3 проценти во секторот Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли;

5,8 проценти во секторот Рударство и вадење камен;

5,7 проценти во секторот Транспорт и складирање.

 

Иако статистиката укажува на продолжување на трендот на намалување на бројот на вработени во индустријата, овие податоци не мора нужно да значат пад на индустриското производство, бидејќи врз нив влијаат повеќе фактори, како технолошката модернизација, автоматизацијата и промените во организацијата на производните процеси.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.