ХРАНА
Мало поскапување на маслото и јајцата, вели премиерот
- Детали
- Категорија: ХРАНА
- Создадено: 22 Март 2026
Премиерот денеска на прес-конференција изјави дека е забележано мало зголемување на цените на дел од основните прехранбени производи, конкретно кај маслото и јајцата.
Тој посочи дека Владата ја следи состојбата на пазарот и дека ќе интервенира доколку има потреба, со цел да се заштити стандардот на граѓаните. Според него, засега станува збор за умерено поскапување, но институциите остануваат внимателни поради можни понатамошни ценовни притисоци.
Воедно, беше нагласено дека со стабилизирање на цената на горивата се штитат и цените на храната, транспортот и услугите. Од Владата апелираат до трговците и производителите да се однесуваат одговорно, потенцирајќи дека во време на криза не смее да се гради профит на грбот на граѓаните.
Најавени се и засилени контроли на пазарот, при што секој обид за злоупотреба, вештачко зголемување на цените или неосновано профитирање ќе биде санкциониран. Надлежните институции, како што беше истакнато, ќе продолжат будно да ја следат состојбата.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс





