ГОРИВА
Од полноќ поевтинуваат горивата: Дизелот поевтинува за 8 денари, бензините за 4 денари
- Детали
- Категорија: ГОРИВА
- Создадено: 10 Август 2026
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 5,81 отсто.
Новите максимални цени ќе се применуваат од 11 август 2026 година од 00:01 часот.
Според одлуката, цените ќе изнесуваат:
Еуросупер БС-95 – 87 денари за литар
Еуросупер БС-98 – 89 денари за литар
Еуродизел БС (Д-Е V) – 91,50 денари за литар
Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) – 92,50 денари за литар
Мазут М-1 НС – 43,538 денари за килограм
Во однос на досегашните цени, бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 поевтинуваат за 4 денари за литар, додека дизелот се намалува за 8 денари за литар.
Екстра лесното масло за домаќинство поевтинува за 6 денари за литар, а мазутот за 2,881 денари за килограм.
Од РКЕ информираат дека намалувањето е резултат на пониските референтни цени на нафтените деривати на светскиот пазар. Во однос на претходната пресметка, цените на бензините се намалени во просек за 6,186 отсто, на дизелот за 10,435 отсто, на екстра лесното масло за 8,138 отсто, а на мазутот за 7,151 отсто.
Во пресметката влијаел и курсот на денарот во однос на американскиот долар, кој во споредба со претходниот период е понизок за 1,0313 отсто.
Од РКЕ нагласуваат дека станува збор за максимални малопродажни цени, што значи дека трговците на големо и мало можат да ги продаваат нафтените деривати и по пониски цени од утврдените максимални.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс





